Донирај
за Изнајмувачница за ортопедски помагала за Палијативни пациенти
Почитувани ,
Основна цел на Здружението за поддршка на Палијативните пациенти и нивните семејства Палиум е застапување и унапредување на легислативата, подигнување на јавната свест и афирмирање на правата на Палијативните пациенти и нивните семејства.
Во Република Македонија околу 4.600 наши сограѓани во текот на годината дознаваат дека имаат малигни неоплазми-почетна форма на рак. Тоа се нашите палијативни пациенти. Ние од НВО ПАЛИУМ им помагаме ним и и на нивните семејства додека се соочуваат со тешката болест и палијативниот третман кој често е скап и нашите сограѓани не можат да си го дозволат.
Посебно е болна и парадоксална состојбата кога треба семејството за својот близок да набави некое ортопедско помагало кое најчесто е скапо а Палијативните пациенти, поради извесноста на својата болест би го користеле малку време и им е економски неисплатливо да го купат.
Ние како Здружение за поддршка на Палијативни пациенти и нивните семејства сме на идеја да ја отвориме првата Изнајмувачница за ортопедски помагала за Палијативни пациенти со Вашата донација за оваа цел која многу ќе им значи и ќе им го олесни палијативниот третман на нашите пациенти .
Идејата е со собраните донации да се купат за почеток околу 10 ортопедски помагала ( антидекубитални душеци, специјален кревет, принцези, и сл) кои ние како ПАЛИУМ би ги изнајмувале на пациентите кои имаат потреба од тоа што секако ќе биде поевтино а со тоа и подостапно за нив. По враќањето на помагалото ние ќе го дезинфицираме и повторно ќе биде спремно за изнајмување.
Потребни се 620.000 денари за набавување на дел од ортопедски помагала за нега за палијативни пациенти со кој би се помогнало на нивните семејства да им пружат посоодветна грижа и би им го олеснило секојдневното функционирање, а на пациентот би му овозможило поквалитетен и подостоинствен живот до крајот на животот.
За ова ни е потребна вашата помош и поддршка.
Колку повеќе донации толку сме поблиску до целта да ги собереме средствата неопходни за отворање на Изнајмувачницата за ортопедски помагала за Палијативните пациенти и нивниот третман со што ќе го подигнеме нивниот третман на едно повисоко ниво и повеќе сограѓани ќе не препознаваат за да им пружиме помош и поддршка.
Ќе ни биде драго да станете дел од нашата мрежа на поддржувачи на нашето Здружение за поддршка на Палијативните пациенти и нивните семејства ПАЛИУМ .
Затоа Ве покануваме да станете наши редовни поддржувачи или спонзори и заедно да им помогнеме на Палијативните пациенти и нивните семејства.
Би Ви биле благодарни ако уплатите парична донација во висина од 50 евра на нашата жиро сметка (прилог во атачмент) или се вклучите во организациско логистичкиот дел на настанот со материјални добра и услуги, контакт информациите се достапни на нашата веб страна pallium.mk .
Донаторската акција трае континуирано бидејќи нашите Палијативни пациенти и нивните семејства се во тешка здравствена финансиска и социјална состојба и затоа вашата помош е добредојдена.
Да ја започнеме Новата 2024 година со хуман гест во вид на донација за една благородна цел отворање на Изнајмувачница за ортопедски помагала за Палијативните пациенти и нивните семејства.
Секој од нас може да помогне на еден пациент, а заедно можеме да помогнеме на многу.
Човек не е богат по тоа колку има, туку колку дава за да помогне на другите.