Во прилог ви прикажуваме листа на достапни помагала кои можете да ги најдете, позајмите, корицтите и вратете.
Механички медицински кревет со две функции
Медицински кревет со две функции – можност за рачно подигање на делот кај грбот и главата и делот кај колената и стапалата. Страниците кај главата и нозете се дрвени, а основата на која се поставува душекот е од челична конструкција која ја нагласува прилагодливоста на душекот и овозможува превземање и амортизација на тежината на телото. За поголема сигурност и удобност на пациентот, на креветот можат да се монтираат страници и рачка за подигање, а за полесно движење и позиционирање на креветот во просторијата може да се монтираат тркала.
Во рамките на нашиот проект ЗЕМИ КОРИСТИ ВРАТИ најчесто беше позајмуван за обезбедување на нега и третман на палијативни пациенти во седечка и лежечка состојба во нивниот дом каде просторните услови го дозволуваа тоа.
Спецификации на производот (за да проверите дали може да го искористите во домашни услови):
Внатрешна должина и ширина: 195 х 85 см
Надворешна должина и ширина: 200 х 92 см
Максимална тежина на пациент: 200 кг
Висина од под без тркала: 46 см
Висина од под со тркала: 58 см

Антидекубитален пневматски душек (издржливост до 145кг)
Антидекубитален стрип душек со вентилациони отвори, CPR вентил и електрична воздушна пумпа. Душекот може да издржи пациенти до 145 kg.
Во рамките на нашиот проект ЗЕМИ КОРИСТИ ВРАТИ најчесто беше позајмуван за обезбедување на нега и третман на палијативни пациенти во седечка и лежечка состојба во нивниот дом каде просторните услови го дозволуваа тоа, како превентивна мерка од појави на декубитални рани поради долготрајното лежење.
Антидекубитален стрип душек со вентилациони отвори, CPR вентил и електрична воздушна пумпа.
- Напредна вентилација: Микро-отвори изработени со LASER технологија во 4 ребрести секции, овозможувајќи циркулација на воздух и спречување на рани од влага.
- Електронска контрола на притисокот
- Носивост:145 кг.
- Димензии:190 x 85 x 11,5 см.
- Безбедно прицврстување: Фиксиран со 2 ленти за стабилност.
- CPR вентил за итни случаи: Брзо испуштање на воздухот при итни ситуации.
- Двоен режим на работа: Статичен и наизменичен притисок.
- Безшумна пумпа за непречен одмор.
- Компактен дизајн на компресорот: Димензии 26 x 12,5 x 8,5 см.
- Вкупна тежина 6,3



Душек 25Д од три секции за медицински кревет
Душек од 3 дела за медицински кревет. Изработен од мемори пена со навлака со патент.
Во рамките на нашиот проект ЗЕМИ КОРИСТИ ВРАТИ најчесто беше позајмуван поради својата флексибилност и можност за адаптирање во просторот, за обезбедување на нега и третман на палијативни пациенти во седечка и лежечка состојба во нивниот дом каде просторните услови го дозволуваа тоа.
Димензија: 195 x 86 x 10 см

Антидекубитален пневматски душек
Антидекубитален душек со компресор за превенција од декубитални рани кај лежечки пациенти. Составен е од ПВЦ душек кој со црево се прикачува за компресор кој постојано работи на електрична енергија. Со работа на компресорот се прави блага масажа на ткивото на пациентот. Душекот се поставува на веќе постоечко легло.
Во рамките на нашиот проект ЗЕМИ КОРИСТИ ВРАТИ најчесто беше позајмуван за обезбедување на нега и третман на палијативни пациенти во седечка и лежечка состојба во нивниот дом каде просторните услови го дозволуваа тоа.
Спецификации на производот (за да проверите дали може да го искористите во домашни услови):
Димензија: 190 x 90 см
Максимална издржливост: до 120 кг

Преносна рампа
Рампа за непристапни површини за инвалидски колички.
Во рамките на нашиот проект ЗЕМИ КОРИСТИ ВРАТИ најчесто беше позајмувана за безбеден и сигурен транспорт на палијативни пациенти при транспорт по скали од нивниот дом до медицинска установа и обратно.
Спецификации на производот ( за да проверите дали може да го искористите во домашни услови )
- Алуминиум отпорен на корозија
- Нелизгачка
- Склоплива
- Тежина на рампата: 8,6кг
- Носивост: 270кг
- Прилагодлива должина: 120 до 213cm
- Внатрешна ширина на 1 стаза: 13cm
- Надворешна ширина на 1 стаза: 18.9cm




Столица за подигнување со тоалетна адаптација – ESTIA l
Столицата за подигнување на пациент – ESTIA, е фотелја која нуди максимална удобност и леснотија за корисниците. Со едноставна команда, столот ви помага при станување и седење, што го прави идеален за лица со ограничена подвижност. Столицата има тоалетен сад кој може да се користи за тоалетна потреба на пациентот. Садот лесно може да се отстрани што овозможува позиционирање на столицата директно над санитарната школка за оптимална функционалност и хигиенска употреба.
Во рамките на нашиот проект ЗЕМИ КОРИСТИ ВРАТИ најчесто беше позајмувана за безбедна и сигурна тоалета на палијативни пациенти во нивниот дом .
Спецификации на производот ( за да проверите дали може да го искористите во домашни услови )
Спецификации:
| Конструкција: | Челик |
| Навлака на седиште: | Да, отстранлива и може да се пере |
| Задни тркала: | 3″ |
| Предни тркала: | 5″ |
| Кочници: | На предни и задни тркала |
| Вкупна издржливост: | 120кг |
| Вкупна тежина: | 25.5кг |
Димензии:
| Ширина на седиште: | 46цм |
| Длабочина на седиште: | 40цм |
| Вкупна ширина заедно со тркала: | 60цм |
| Вкупна длабочина: | 71цм |
| Висина на столица | 79-105цм |



Транспортна носилка стол (2 во 1)
Транспортна носилка која може да се претвори од транспортно столче во носилка на тркала за транспорт на пациенти и во хоризонтална положба. Компактниот дизајн и лесната конструкција ја прават идеална за медицински установи, амбулантни возила и спасувачки мисии.
Во рамките на нашиот проект ЗЕМИ КОРИСТИ ВРАТИ најчесто беше позајмувано за безбеден и сигурен транспорт на палијативни пациенти во седечка и лежечка состојба од нивниот дом до медицинска установа и обратно.
Спецификации на производот ( за да проверите дали може да го искористите во домашни услови ) :
- Рамка: Алуминиум
- Ткаенина: ПВЦ (портокалова боја), водоотпорна
- Димензии отворени (ДxШxВ): 192 x 50 x 20 cm
- Висина на потпирачот за грб: 137 см
- Висина на седиштето (од подот): 52 см
- Ширина на седиштето и потпирачот за грб: 50 см
- Тежина на производот: 11 кг
- Максимална носивост: 159 кг
- Вклучува два портокалови безбедносни појаси
- Со две тркала со дијаметар од
- 150мм





Вертикализатор
Вертикализатор / одалка за пациенти кои треба да имаат потреба од верификација и потпора при движење. Изработен од метал со 4 тркала, со сопирачки. Вертикализаторот има два наслони за раце (подлактица), и две рачни сопирачки. Дополнително се повишува и се шири според потребите на пациентите
Во рамките на нашиот проект ЗЕМИ КОРИСТИ ВРАТИ најчесто беше позајмуван за обезбедување на поддршка на палијативни пациенти кои од лежечка состојба се обидуваат да се исправат ( вертикализираат) и придвижат во нивниот дом каде просторните услови го дозволуваа тоа.
Спецификации на производот ( за да проверите дали може да го искористите во домашни услови ) :
| Модел | Должина | Ширина | Висина | Вкупна тежина | Материјал |
| FS9613 | 68 см | 51-63 см | 98-118 см | 12,9 кг | Челик |





Кислороден концентратор Ирене
Кислороден концентратор со проток на кислород: 1 – 5 л/мин наменет за континуирана кислородна терапија за пациенти со хронични белодробни заболувања. Апаратот е со современ дизајн, лесен за ракување и исклучително тивок. Има дигитален дисплеј на кој се подесуваат параметрите на апаратот.
Дополнително има можност за подесување на временскиот интервал за траење на терапијата. Има три слоен систем на филтрација (сунѓерест, карбонски и ХЕПА филтер) кој обезбедува кислорот со висок степен на чистота – 93% ± 3%. Дополнително има аларам за: ниско ниво на кислород (кога концентрацијата на кислород е помала од 82%), температура, за прекин на електрична енергија и за зголемување или намалување на притисокот.
Во рамките на нашиот проект ЗЕМИ КОРИСТИ ВРАТИ најчесто беше позајмуван за обезбедување на кислородна поддршка за време на третман на палијативни пациенти во седечка и лежечка состојба во нивниот дом.
Медицински индикации
- Хронична опструктивна болест (ХОББ);
- Пневмонија;
- Астма;
- Бронхопулмонална дисплазија (неразвиени бели дробови кај новородени);
- Срцева слабост;
- Цистична фиброза;
- Слип апнеа;
- Повреди на респираторниот систем;
- Акутни состојби во медицината: политраума, анафилакса, големи крвавења, шок, конвулзии, хипотермија.
Спецификации на производот ( за да проверите дали може да го искористите во домашни услови ) :
- Тежина:24 кг
- Проток на кислород: 1 – 5 lt/min
- Густина на кислород: 89-96%
- Ниво на бучава под 40dB
- Потрошувачка на енергија: 220 V
- Димензија: 390 x 337 x 620 мм

Потпирач за грб со перниче
Потпирачот за грб се користи како потпора за грбот и главата на грбот и се поставува на креветот. Има повеќе нивоа на косина.
Во рамките на нашиот проект ЗЕМИ КОРИСТИ ВРАТИ најчесто беше позајмуван за обезбедување на нега и третман на палијативни пациенти во полуседечка и седечка состојба во нивниот дом каде просторните услови го дозволуваа тоа.
Спецификации на производот ( за да проверите дали може да го искористите во домашни услови ) :
- Должина: 55 см
- Ширина: 55 см
- Агол на косина: 45-65 степени
- Максимална тежина: 100 г

Повелете линк од Google maps како најлесно да стигнете до канцеларијата на Здружението Палиум.
