Вечерва (Недела, 07.09.2024) се случи одличен хепенинг организиран од Здружението за поддршка на Палијативни пациенти и нивните семејства Палиум, со поддршка на општина Ѓорче Петров.
Во рамки на хепенингот се одржаа настаните „Ден за сите генерации“ и „Зелникот на баба“.
Концертот беше посветен на семејствата на Палијативните пациенти на кои, преку нашиот настан сакаме да им пратиме порака, дека не се сами во својата борба и дека се прифатени од заедницата, која се грижи за нив и семејството воопшто како основна структура на општеството. Преку нотите на музиката заедно покажавме дека радоста и љубовта кон семејството се нашата мотивација која со радост не движи низ секојдневието.
Ден за сите генерации
1. вкусно кулинарско уживање и дегустација на Зелникот на баба и поезијата на Драгица Славеска
2. Уживање за сите генерации на Концертот на Здружението ПАЛИУМ со нашите естрадни уметници Дарко Билбиловски и Милица Кузманоска и Душко Ѓеорѓиевски
3. Уличен перформер Кристијан Бенито се погрижи за најмалите
4. КУД Јонче Христовски – Автокоманда
5. Ансамбл Лјилјан изведоа сплет на македонски и босански ора
Место
На плато до ТИНЕКС во паркот Ѓорче Петров
Време 07.09.2025 год. 18.00 час.
Хепенингот се оддржа во реонскиот парк Ѓорче Петров и беше исполнет со магијата на музиката и уметноста, благодарение на прекрасниот концерт организиран од Општина Ѓорче Петров во соработка со Здружението „Палиум“.
Ви се заблагодаруваме на сите што дојдовте да уживате, Вашето присуство ја направија оваа вечер посебна и незаборавна.
































