Вечерва (Среда, 04.09.2024) се случи одличен хепенинг – концерт посветен на Денот на Семејството, организиран од Здружението за поддршка на Палијативни пациенти и нивните семејства Палиум, со поддршка на општина Ѓорче Петров.
Концертот беше посветен на семејствата на Палијативните пациенти на кои, преку нашиот настан сакаме да им пратиме порака, дека не се сами во својата борба и дека се прифатени од заедницата, која се грижи за нив и семејството воопшто како основна структура на општеството. Преку нотите на музиката заедно покажавме дека радоста и љубовта кон семејството се нашата мотивација која со радост не движи низ секојдневието.
На едно место забава понудија Уличниот забавувач Кристија Бенито, естрадните уметници Елена Андоновска и Дарко Билбиловски придружувани од Ансамблот Ѓорче Петров, Ансамблот на Здружение на пензионери Ѓорче Петров и Ансамблот Лилјан.
Настанот се оддржа во реонскиот парк Ѓорче Петров и беше исполнет со магијата на музиката и уметноста, благодарение на прекрасниот концерт организиран од Општина Ѓорче Петров во соработка со Здружението „Палиум“.
Ви се заблагодаруваме на сите што дојдовте да уживате, Вашето присуство ја направија оваа вечер посебна и незаборавна.


