Не можам да те посетам , но можам да те слушнам и видам!

Проект во услови на пандемија со Ковид 19 кога беа остварени над 1 000 видео повици за период од 3 месеци  помеѓу пациентите во ЈЗУ СБГПМ 13 Ноември Скопје и нивните семејства со посредство на социјалните работници меѓу кои и Претседателот на НВО ПАЛИУМ Јорданче Јосифов кој беше и Проект Менаџер на целиот проект, како и членот на нашиот УО Благородна Мартиновска Ѓорѓиева – медицинска сестра со Високо образование од болницата. Проектот материјално  во вид на 4 таблети беше подржан од ВИП А1.
Успехот на проектот, кој живее и функционира до ден денес, и кој почна како индивидуална идеа на неколку наши членови, беше иницијална каписла и мотив за здружување и формирање на НВО Палиум.

,,Споделената радост е поголема радост, споделената тага е помала тага, ние Социјалните работници секојдневно споделуваме со нашите пациенти и нивните семејства болка тага надеж и утеха. За ден без болка, за насмевка на лице, за нивен поудобен престој кај нас!!!
Проектот ,,Не можам да те посетам ,но можам да те слушнам и да те видам,, го реализираме така што во услови на пандемија со Ковид 19, кога поради нивна заштита нашите пациенти не можат да примаат посета им овозможуваме преку видео врска да се слушнат и видат со своите најблиски.

Како да се поврзете со нас ?

1. Ја инсталирате апликацијата “SKYPE” на вашиот смартфон, таблет или компјутер

2. Креирате корисничка сметка доколку немате постоечка. Доколку имате постоечка, тогаш преку копчето “Sign In” се најавувате. (Како да креирате акаунт на скајп можете да погледнете тука)

3. Откако ќе се најавите, ќе не додадете на “skype”. (Како да додадете нов контакт можете да погледнете тука)

  • За оддел Геријатрија ги додавате “skype” профилите “Gerijatrija 1” и “Gerijatrija 2”
  • За одделот за палијатива Сју Рајдер Скопје го додавате “skype” профилот “SueRyder 13Noemvri”
  • За објект за згрижување на стари и изнемоштени лица Мајка Тереза го додавате “skype” профилот “Majka Tereza”

Scroll to Top