Здружението Палиум по 4 ти пат го одбележа Меѓународниот ден на Хоспис и Палијативната грижа во Македонија под мотото „Справување со болката, основен дел на палијативната нега“.
Беше истакнато значењето на сензибилизирањето на јавноста за Палијативниот третман во домашни услови.
Системскиот советник Марјан Дојчиновски пред присутните го презентираше својот труд „Болка и нејзино надминување“.
Здружението Палиум пред присутните презентираше три емотивни приказни од Палијативниот третман на наши сограѓани врз основа на искуствата од работењето со Линијата за поддршка на Палијативни пациенти и нивните семејства финансиски поддржана од Фондацијата Д-р Верица Механџиска и Зегин.
Општ заклучок од настанот е дека државата и заедницата треба да вложуваат повеќе во развивање на социјални сервиси кои ќе бидат директна поддршка на палијативните пациенти и нивните семејства во самиот Палијативен третман од кои тие имаат потреба.
Државата преку подобра координација на ресорните министерства треба да изготви Национална стратегија за Палијативна Грижа на Македонија која ќе ја проектира нашата заедничка грижа за оваа целна група.


















