Тивка Аукција на тема „Делата се посилни од болката“

Тивка Аукција на тема „Делата се посилни од болката“ каде беа претставени дела – експонати на мајка на Палијативна пациентка. Настанот исто така имаше хуманитарен карактер бидејќи собраните  средства од продажбата на делата – експонати се наменети за ова семејство која ја води својата животна битка и секоја помош им е добредојдена.

Тивката аукција беше организирана во рамки на Проектот ДОНИРАЈ ОД СРЦЕ на USAID MACEDONIA спроведуван од Здружението КОНЕКТ во партнерство со ECNL Oda Ekonomike e Maqedonise Veri – Perendimore  и ИНДИГО.

П.С. На оваа аукција беше промовиран и нашиот Серификат за експонат изработен од Палијативен пациент и неговото семејство со печат на Здружението ПАЛИУМ на реверсот со кој ја потврдуваме неговата веродостојност. Наскоро на нашата страна ќе биде отворена on-line аукција со овие дела и нашите пријатели ќе можат и на тој начин да си купат дело- експонат од мајката на Палијативната пациентка.

Scroll to Top