Трет Саем на Социјални претпријатија организиран од Центарот за социјални претпријатија

Членовите на НВО ПАЛИУМ Скопје Благородна Мартиновска Ѓорѓиева и Јорданче Јосифов имаа активно Учество на настан за развој на Социјалното претприемништво – Трет Саем на Социјални претпријатија организиран од Центарот за социјални претпријатија Скопје на ден 12.09.2023 год.

„Овој настан прераснува во традиционален секој септември. Социјалната економија е од голема важност во Европската Унија. Социјалните претпријатија се вистински целосно грижливи компании кои вработуваат лица кои без нив би биле без работа, без средства и без иднина. Благодарение на нив тие се сега дел од поширока заедница. Затоа ние го поддржуваме нивниот развој, гледаме голем напредок, но не смееме да застанеме тука…“

Дејвид Гир на Саемот на социјални претпријатија…

„Со институционалната поддршка за социјалното претприемништво, ги решаваме предизвиците и на централно и на локално ниво поврзани со сиромаштијата, невработеноста и други социо-економски прашања во врска со интеграцијата на ранливите групи. Социјалните претпријатија ќе придонесат во креирање на нови работни места за ранливите групи. Законот за социјални претпријатија е во последната фаза и веруваме дека до крајот на годината ќе биде усвоен,“

Тренчевска на саемот на социјални претпријатија…

Scroll to Top