Во понеделникот 28.10.2024 год. во Лабароториум се одржа добротворна модна аукција на која собраните средства одат во првиот солидарен фонд наменет за НВО кои прават промени во општеството со своите заложби за похуман свет:
- Фонд за превенција и заштита од шумски пожари
- Центар за развој на децата со попреченост со употреба на нови технологии
- Првата Изнајмувачница за ортопедски помагала за палијативни пациенти на Палиум
- Едукативна програма на младите да ја градат својата иднина тука
Настанот беше дел од Проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ кој го спроведува Здружението КОНЕКТ.






