Ни беше огромна чест да гостуваме на утринската емисија на Алфа ТВ за да ја промовираме првата линија за поддршка на палијативни пациенти и нивните семејства. Оваа услуга ја спроведува нашето Здружение Палиум, а ја овозможува Фондацијата д-р Верица Механџиска и Зегин.
Телефонските линии се веќе во функција и може да не побарате на 070404566 или 070404567 секој работен ден од 16 до 20 часот и во сабота од 12 до 16 часот.
Погледнете го разговортот со нашиот колега Јорданче Јосифов од Здружението Палиум и Бранка Џајковска од Фондацијата д-р Верица Механџиска за да дознаете повеќе за оваа услуга.
Повелете линк од Google maps како најлесно да стигнете до канцеларијата на Здружението Палиум.


