За нас

Кои сме ние

Ние сме тим на професионалци кои веруваат дека секоја подадена рака може да помогне на палијативните пациенти и да создаде подобра иднина за нив.

Здружението за поддршка на Палијативните пациенти и нивните семејства Палиум  е граѓанска организација која поведува иницијативи и учествува во градење на јавно мислење и креирање на политиките во областа на третманот и грижата за Палијативните пациенти,  се залага за решавање на општествените предизвици во областа на третманот и психосоцијалната поддршка, промовира, информира и реализира активности и обуки за унапредување на  квалитетот на живот на оваа целна група и нивните семејства.

Нашите идеи водилки

Основни вредности

врз кои се темели работата на Здружението за поддршка на Палијативни пациенти и нивните семејства Палиум се: независност, јавност и транспарентност во работењето, емпатичност и алтруизам, непрофитност, непартиско дејствување, иницијативи во јавниот живот, партиципација (учество), партнерство, толеранција, претприемништво, одржливост и еднакви можности.

Нашата мисија
Да се погрижиме сите палијативни пациенти да ја добијат сета поддршка што им е потребна, кога им е потребна.

Основна цел на Здружението за поддршка на Палијативните пациенти и нивните семејства Палиум е застапување и за унапредување на легислативата, подигнување на јавната свест и афирмирање на правата на Палијативните пациенти и нивните семејства.

Нашата визија
Сакаме да изградиме општество во кое ниту еден пациент или неговото семејство нема да се чувствува осамено.

Почитување на правото на живот и хуман и достоинствен третман на секој палијативен пациент во едно хумано социјално одговорно и емпатично граѓанско општество.  Општество во кое секој ќе ја добива секоја можна помош што им е потребна што е можно поскоро.

Управен одбор

го избира Собрание на НВО Палиум во кое членуваат сите членови.

Јорданче Јосифов

Претседател на УО

jordance@pallium.mk
Види CV

Благородна Мартиновска Ѓорѓиева

член на УО

blagorodna@pallium.mk
Види CV

Ентони Питер Литл

член на УО

anthony@pallium.mk
Види CV

Ирена Најдов Литл

член на УО

irena@pallium.mk
Види CV

Кирил Мартиновски

член на УО

kiril@pallium.mk

Наши соработници и поддржувачи
Scroll to Top