Здружението за поддршка на палијативните пациенти и нивните семејства Палиум ја продолжува својата Кампања „Корупција НЕ, Достоинството пред СЀ“ за подигнување на јавната свест на населението во борбата против корупцијата во здравството и посебно за јакнење на капацитетите на палијативните пациенти и нивните семејства во секојдневната животна борба.
Кампањата ќе има свој завршен настан на 13.10.2025 г. како дел од одбележувањето на меѓународниот ден на Хоспис и Палијативната грижа, кој ќе се одржи во Скопје.
Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање“ кој го спроведува Младински Совет Прилеп. Проектот е дел од програмата за мали грантови на СЕЛДИ која се спроведува во рамки на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување врз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“, финансиран од Европската Унија. Оваа содржина е единствена одговорност на Младински Совет Прилеп и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија и СЕЛДИ.





