Почитувани сограѓани влегуваме во втора фаза од проектот ЗЕМИ КОРИСТИ ВРАТИ на Здружението Палиум.Станува збор за проект со кој сите наши сограѓани – палијативни пациенти кои имаат потреба од ортопедско помагало можат да го позајмат од Здружението Палиум, да го користат додека имаат потреба од него и да го вратат.
Целата оваа постапка изведена со помош на нашите експерти и уште поважно, сето ова е бесплатно благодарение на тоа што овој проект е субгрант добиен во рамки на ,,ЕУ поддршката за Граѓански Ресурсен Центар фаза 2,, финансиран од Европската унија.









Повелете линк од Google maps како најлесно да стигнете до канцеларијата на Здружението Палиум.

