Здружението “ПАЛИУМ“ Ве поканува да доставите понуда за експерти за персонализирана обука за членови на семејства и за психо-социјална поддршка за палијативна нега потребни за спроведување на проектот “Земи Користи Врати“, финансиран од Европската Унија. Овој проект, финансиран од ГРЦ а спроведуван од “ПАЛИУМ“ има за цел да ги подобри можностите за палијативна нега во домот и се очекува истата да биде постигната преку исполнување на следните специфични цели:
Зголемено учество во креирање, спроведување и следење на јавните политики поврзани со палијативната нега и да се допринесе кон подигање на свесноста во заедницата за важноста од поддршката на оваа категорија граѓани
Зголемување на локалните капацитети и можности за реализирање на иновативен модел за обезбедување на ортопедски помагала за палијативна нега и поддршка во домот;
Воспоставување на силна врска меѓу здружението ПАЛИУМ и семејствата со палијативен пациент
Огласот е активен заклучно со 05.05.2025 год. до 16 часот