Денес во канцеларијата на Здружението Палиум поразговаравме со Ања од МТВ за палијативниот третман во домашни услови, како и за работата на Линијата за поддршка на Палијативни пациенти и нивните семејства финансирана од Фондацијата Д-р Верица Механџиска и Зегин, каде на едно место ги добиваат сите потребни информации и насоки за палијативниот третман.
Ја информиравме јавноста за мотото и темата на Меѓународниот ден на Хоспис и Палјативната грижа за 2026 година.
Поразговаравме за сензибилизирањето на јавноста за оваа целна група и нашата помош и поддршка како заедница за сите нив.
Благодарност до МТВ за поддршката и видливоста на нашата работа и информирањето на јавноста за нашите активности.
Повелете линк од Google maps како најлесно да стигнете до канцеларијата на Здружението Палиум.


