Денес, Претседателот на Здружение за поддршка на палијативни пациенти и нивните семејства Палиум Јорданче Јосифов заедно со Директорката Прим.Д-р Ленче Нелоска, присуствуваа на официјалното предавање, од страна на претставници на Амбасадата на СР Германија, на машините за перење и сушење за потребите на Старски Дом Мајка Тереза.
Со оваа донација значително се подобруваат хигиенските услови во домот и начинот на нивно одржување. Исто така значително е подобрена енергетската ефикасност и потрошувачката на вода.
Во рамките на проектот неколкумина штитеници беа обучени за правилно ракување со машините, со цел нивна добра функција и одржување на долг рок.
Финансиската поддршка за проектот на Здружението Палиум е овозможена преку програмата за мали проекти на Амбасадата на СР Германија од буџетот на Сојузното Министерство за надворешни работи и има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој на земјата домакин.





