Потпишување на Договор за донација со МЕПСО

Денес во просториите на МЕПСО, Претседателот на Здружение за поддршка на палијативни пациенти и нивните семејства Палиум, Јорданче Јосифов со Директорот на МЕПСО Бурим Љатифи го потпишавме Договорот за донација.
Со овој Договор се овозможува продолжување на Проектот Земи Користи Врати – помош и поддршка во домот за палијативните пациенти.
Со добиените средства ќе ја зголемиме базата на нашите ортопедски помагала кои ги позајмуваме на наши сограѓани кои палијативниот третман го спроведуваат во својот дом и ќе ја продолжиме нашата хумана мисија.
#помошиподдршка #сегрижиме #никојнееоставенсам

Повелете линк од Google maps како најлесно да стигнете до канцеларијата на Здружението Палиум.

Scroll to Top