Во рамки на подготовките за одбележување на Меѓународниот ден на Хосписот и Палијативната Грижа, кој се одбележува секоја втора сабота во Октомври, годинава добивме поддржа во подигнување на свесноста за палијативните пациенти од редакцијата на Дојче Веле на македонски јазик, со една од многуте приказни за палијативен пациент и предизвиците со кои тој и неговото семејство секојдневно се соочуваат.
Од човек на нога до палијативен пациент – Радмила Апостолски е упатена на нега од страна на семејството, но вели дека ќе стори сѐ за повторно да може да живее сама, па дури можеби и повторно да работи. Во тоа сесрдно ѝ помагаат нејзините блиски и здружението „Палиум“. – Велат од Дојче Веле во дел од својата приказна.


