Во рамки на проектот Партнерства за донирање, изминатите два месеца се одржуваше националната кампања „Денови за донирање“. Оваа кампања поддржа 31 непрофитна организација и вклучи 50 бизниси и се донираa 2.017.212 денари во финансиски средства, добра и услуги и волонтерски труд. Во сета оваа активност свој допринос дадовме и ние како Здружение за подршка на Палијативните пациенти и нивните семејства Палиум. Ова му овозможи на тимот на Конект да го формира првиот донаторски фонд во земјата. Над 2.100 граѓани, организации и компании се вклучија во првата национална кампања од ваков вид и заеднички создаде можности секој граѓанин и компанија да вложат во подобра иднина во нашата земја.
Како заокружување на целата оваа манифестација беше организиран завршниот настан кој беше осмислен како Добротворен базар на кој присутните имаа можност преку дадена донација да се стекнат со интересни празнични производи од 13 социјални претпријатија, меѓу кои и на Здружението за подршка на Палијативните пациенти и нивните семејства Палиум.
Прочитајте повеќе на следниот линк.
















