На 16.10. членови на Палиум учествуваа на работилницата со наслов „Дигитални социјални иновации“ во организација на Граѓанскиот Ресурсен Центар како дел од проектот “ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Национална фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.
Дигиталната технологија може да се искористи за трансформација на социјалните предизвици во решенија со општествено влијание беше општиот заклучок од работилницата за дигитални социјални иновации која за граѓанските организации се одржа во Скопје на 16 октомври 2025 година. Со оваа работилница Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне организациите на теми поврзани со дигиталната трансформација, кои, кога ќе се спојат со социјалните иновации придонесуваат кон нивно ефикасно и ефективно делување кое и служи на заедницата.
На оваа работилница учесниците добија подлабоко разбирање за тоа што се дигитални социјални иновации и зошто тие се значајни за граѓанските организации и го зголемија своето знаење и вештини за развивање на иновативни дигитални решенија кои директно одговараат на реалните социјални проблеми и потреби во заедницата во која тие делуваат. Преку водство и инспирација, како и споделување на домашни и меѓународни примери за дигитални социјални иновации, организациите добија простор да ги претворат своите идеи во конкретни концепти што можат да се развијат во идни проекти.
Прочитајте повеќе на Граѓански Ресурсен Центар




