Минатата недела во Битола, дел од членките на Мрежата за финансиска одржливост на граѓанските организации меѓу кои и претставници на Здружениетк Палиум се сретнаа за да разговараат за едно од клучните прашања за граѓанскиот сектор – како да создадеме услови за постабилно и одржливо финансирање на граѓанските организации.
Во фокусот на дискусијата беше Законот за донации и спонзорства во јавните дејности (ЗДСЈД) и потребата од негово унапредување. По повеќе од 15 години, граѓанскиот сектор сè уште се соочува со законски и административни бариери кои го отежнуваат донирањето.
Во рамки на настанот беше промовирана и Збирката на студии на случаи за ЗДСЈД, која содржи 14 примери од практиката и препораки за унапредување на законската рамка.
Дискусијата продолжи со утврдување на приоритетите за застапување на Мрежата во наредниот период, како и формулирање препораки и следни чекори за подобрување на условите за финансиска одржливост на граѓанските организации.
Без одржливи организации нема одржливи заедници. Затоа, продолжуваме заеднички да застапуваме за подобра законска и институционална рамка и услови во кои граѓанските организации можат долгорочно да придонесуваат за своите заедници.
Настанот е организиран во рамки на проектот „Промени за одржливост“, кој го спроведува Konekt во партнерство со Младинската асоцијација YMCA.mk, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Civica Mobilitas
Embassy of Switzerland in North Macedonia
#CHinMK #CivicaMobilitas #YMCAmk #Konekt













