Учество на Здружението Палиум на завршниот настан на МСП со својата кампања „Корупција НЕ, Достоинство пред сѐ“

Во рамки на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“ се одржа Национална завршна конференција со учество на младински лидери, граѓански организации и креатори на политики.

Учество на завршниот настан на МСП со својата кампања „Корупција НЕ, Достоинство пред сѐ“ зема и Здружението Палиум.

⚖️На конференцијата:

💡 Се презентираа резултатите од младинските иницијативи

🤝 Се споделија најдобрите практики и се добија повратни информации

🚀 Се идентификуваа идни чекори во борбата против корупцијата

👥 Конференцијата ја зајакна вклученоста на младите и партнерствата во антикорупциската агенда, обезбедувајќи континуирана поддршка за активности против корупцијата.

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија кој го спроведува Младински Совет Прилеп. Проектот е дел од програмата за мали грантови на СЕЛДИ која се спроведува во рамки на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување врз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“, финансиран од Европската Унија. Оваа содржина е единствена одговорност на Младински Совет Прилеп и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија и СЕЛДИ.

Scroll to Top