Како што веќе многупати докажавме и преку нашите акции и настани, кога се донираше за помош и поддршка на палијативните пациенти и нивните потреби, и со оваа иницијатива се покажува дека секој од нас има улога во унапредување на состојбите и условите во средините во кои живееме и секој има можност да биде двигател на промени кои ќе овозможат стабилен и долгорочен развој.
Филантропијата е делување што создава можности, партнерства и нови модели на засилена соработка, кои поттикнуваат раст на патот кон одржливиот развој.
И Палиум како и многупати досега учествуваше на првиот Форум за филантропија, настан во рамки на проектот на USAID Macedonia “Партнерства за донирање” спроведуван од Конект во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската комора на северозападна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Северна Македонија. На овој Форум за Филантропија се испрати јасна порака до сите филантропи, социјални претприемачи, корпоративните лидери, креатори на политики, граѓански организации и медиуми дека ако ги здружиме силите, можеме да креираме повеќе можности, партнерства и нови модели на засилена соработка што е и единствениот начин да се поттикне раст на патот кон одржливиот развој и да имаме општествен напредок. 🌱












